Трамп воведе дополнителни царини за Бразил

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска официјално потпиша извршна наредба со која се воведуваат дополнителни царини од 40 проценти на увозот од Бразил, со што вкупната стапка на царините достигнува 50 проценти. Оваа мерка, како што соопшти Белата куќа, ќе стапи на сила од 1 август.

Царините се најавени уште пред три недели, кога Трамп предупреди дека САД ќе ги зголемат трговските бариери за бразилските производи, зависно од односот на бразилските власти кон поранешниот претседател Жаир Болсонаро. Болсонаро моментално се соочува со судски процес за наводно организирање државен удар, со цел да го спречи претседателот Луиз Инасио Лула да Силва да ја преземе власта.

Според американската администрација, потегот е насочен не само кон заштита на економските интереси на САД, туку и како сигнал за „поддршка на демократските процеси“ во Бразил.

Оваа одлука веќе предизвикува бурни реакции во меѓународната јавност, при што критичарите предупредуваат на можни трговски последици и понатамошни тензии во односите меѓу двете земји.