Трамп го пречека Ердоган во Белата куќа: На дневен ред трговијата, одбраната и регионалните конфликти

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го пречека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Белата куќа. Двајцата лидери одржаа билатерална средба во Овалната соба, по што следеше работен ручек, јавува агенцијата Анадолија.

​Се очекува Трамп и Ердоган да разговараат за клучни аспекти од билатералните врски меѓу двете земји, вклучувајќи ги трговијата, инвестициите и одбранбената индустрија, како и за актуелните регионални прашања.

​Пред средбата, Ердоган изјави дека „верува оти средбата со Трамп ќе придонесе за завршување на војните и конфликтите“ на Блискиот Исток во рамките на „заедничката визија за глобален мир и дополнително ќе ја зајакне соработката“ меѓу Турција и САД.

​Оваа посета на САД следува по учеството на турскиот претседател на годишната сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.