Претседателот на САД, Доналд Трамп, и потпретседателот Џ.Д. Венс денеска ќе учествуваат на виртуелен состанок со украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери, објави ABC News.
Според Ројтерс, европските лидери најпрво ќе одржат своја видеоконференција за да ги координираат ставовите, а потоа ќе разговараат со американските претставници. Оваа средба е одржана пред претстојните преговори на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин, кои се закажани за 15 август во Енкориџ, Алјаска.
На виртуелниот состанок, кој треба да се одржи во 14 часот по средноевропско време, ќе учествуваат лидери на Германија, Финска, Франција, Велика Британија, Италија и Полска, како и претставници на ЕУ и НАТО.
На дневниот ред се неколку клучни точки:
- Зголемување на притисокот врз Русија.
- Редоследот на чекорите во евентуалниот мировен процес.
- Иднината на окупираните украински територии.
- Безбедносни гаранции за Украина.
Потоа, во 15 часот, европските лидери ќе се поврзат со претседателот Трамп и потпретседателот Венс за да ги презентираат своите ставови.