Трамп: Многу сум разочаран од Путин 

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека е „многу разочаран“ од рускиот претседател Владимир Путин. Во интервју за „Радио шоуто на Скот Џенингс“, Трамп најави дека неговата администрација ќе преземе чекори за да помогне во намалувањето на бројот на жртви во војната во Украина.

​„Многу сум разочаран од претседателот Путин, можам да го кажам тоа, и ние ќе направиме нешто за да им помогнеме на луѓето да преживеат“, рече Трамп.

​Кога беше прашан за можното формирање на „оска“ против САД, предводена од Кина и Русија, Трамп изјави дека воопшто не е загрижен.

​„Имаме најсилна војска во светот, убедливо најдобра. Тие никогаш не би ја користеле својата војска против нас. Верувајте ми“, нагласи американскиот претседател.