Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да воведе санкции кон Русија, но потенцираше дека Европа мора да го зајакне својот одговор и да дејствува на ист начин како и САД.
„Европа купува нафта од Русија. Не сакам тие да купуваат нафта“, им рече Трамп на новинарите.
Тој додаде дека санкциите што Европа ги воведува во моментов не се доволно силни. „Јас сум подготвен да воведам санкции, но тие ќе мора да ги зајакнат своите санкции за да бидат соодветни на моите“, истакна американскиот претседател.