​Трамп размислува за воени напади врз нарко-картели во Венецуела

Американскиот претседател Доналд Трамп разгледува опција за воени напади против нарко-картелите кои дејствуваат во Венецуела, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на повеќе извори. Според информациите, нападите би можеле да бидат извршени и на територијата на Венецуела.

​Тензиите меѓу двете земји се ескалираат, а претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, изјави дека Каракас е подготвен да премине од „политичка фаза“ во „фаза на вооружена борба“ доколку САД извршат каков било напад.

​„Моментално сме во политичка фаза. Но, ако Венецуела биде нападната на кој било начин, ќе преминеме во фаза на вооружена борба“, рече Мадуро во изјава за венецуелската државна телевизија.