Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа најави дека следниот самит на Г20 ќе се одржи во Мајами, Флорида, и изрази желба рускиот претседател Владимир Путин да присуствува на настанот.
Трамп, во изјава за новинарите во Овалната соба, истакна дека ова ќе биде првпат самитот на Г20 да се одржи во САД по речиси 20 години. „Додека ја славиме 250-годишнината од нашата нација следната година, Соединетите Американски Држави ќе бидат почестени да бидат домаќини на самитот на Г20“, рече тој.
Г20 е форум основан во 1999 година, чии членки заедно претставуваат 85 отсто од светското економско производство и 75 отсто од светската трговија.