Трамп удри по Маск: Тој е Голем зависник од дрога

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во телефонски разговор со блиски соработници го нарекол Илон Маск „голем зависник од дрога“, објави Вашингтон пост, повикувајќи се на извори запознаени со разговорот.

Според написот, Трамп исто така се осврнал и на поранешниот шеф на Одделението за ефикасност на владата, кого наводно го опишал со истите зборови.

Илон Маск претходно јавно признал дека користи кетамин кој, според неговите изјави, му бил медицински препишан. Њујорк тајмс неодамна објави дека Маск наводно користел големи количини кетамин, заедно со други супстанци, што предизвикало здравствени проблеми, вклучително и со мочниот меур.

Во разговорот, Трамп наводно истакнал дека Маск би можел да се соочи со „сериозни последици“ доколку финансиски го поддржи демократскиот табор, особено против републиканските кандидати кои стојат зад буџетските политики на партијата.

Осврнувајќи се на јавните расправии со Маск, Трамп додал дека нема намера да го поправи односот со него, велејќи:

„Мислам дека тој однос е завршен.“

Конфликтот меѓу двајцата се заостри откако Маск остро го критикуваше Трамповиот закон за трошење и даноци, за кој смета дека негативно влијае на секторот за електрични возила – област каде Маск е директно засегнат преку својата компанија Тесла.

Во контранапад, Маск го обвини Трамп дека неговото име се наоѓа во документи поврзани со Џефри Епштајн, осудениот педофил, што дополнително ја разгоре тензијата меѓу двајцата.