Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром, д-р Александар Трајановски, најави дека ќе биде директен партнер на младите и ќе посвети посебно внимание на создавање политики и мерки кои ќе им отворат нови можности во општината. Тој истакна дека младите се движечка сила на општеството и мора да бидат во фокусот.
Во таа насока, Трајановски предвидува серија мерки насочени кон финансиска, институционална и образовна поддршка:
- Формирање Локален младински совет – кој ќе биде гласот на младите во општината.
- Креирање Фонд за млади – за финансиска поддршка на младите претприемачи и младинските организации.
- Изработка на Младинска стратегија и акциски план – со јасно дефинирани приоритети и цели.
- Поддршка за таленти и кариерно насочување – развој на услуги за доквалификации и преквалификации во соработка со образовни центри.
- Модернизација и дигитализација на училиштата – со современа наставна опрема и едукативни средства.
- Организација на редовни превентивни здравствени прегледи за младите.
- Поттикнување на културни и спортски настани од интерес за младата популација.
Трајановски порача дека со овие мерки, младите ќе имаат услови да се развиваат и да ја градат својата иднина токму во својата општина.
„Драги средношколци, студенти, млади, јас Александар Трајановски ќе бидам ваш партнер и заедно со Вас ќе ги градиме политиките во општина Аеродром. Заедно со Вас младите ќе се избориме за нашиот дом! За нашиот Аеродром!“, порача Трајановски.