Кандидатот за градоначалник на Општина Кисела Вода од редовите на СДСМ, Горан Трајковски, јавно апелира до надлежните институции веднаш да реагираат поради ширење на интензивен и непријатен мирис во близина на поранешната фабрика ОХИС.
Трајковски истакна дека мирисот е особено интензивен во вечерните часови, на радиус од 2-3 километри, а жителите од Пинтија, Усје и Градинар стравуваат дека потенцијален причинител е токсичниот линдан, складиран во фабриката.
Трајковски ги повикува институциите веднаш да преземат неколку клучни чекори:
- Да се спроведе итна инспекција и соодветни мерења на загаденоста на терен.
- Јавно да се информира за изворот на мирисот и јасно да се каже дали е поврзан со линданот во ОХИС.
- Доколку мерењата покажат загадување и токсичност, особено од линдан, да се преземат привремени мерки за заштита на локалното население, додека не се реши проблемот.
Кандидатот нагласи дека здравјето на граѓаните е во прашање и дека лично ќе преземе сѐ што е во негова надлежност за заштита на здравјето на сограѓаните доколку победи на изборите.