Трајковски-Штекли се брани со реинкарнација, вештак сведочеше дека во минатиот живот бил желка

На денешното рочиште за судењето за трговија со дрога, вештак на Обвинителството сведочеше дека обвинетиот Раде Трајковски-Штекли е способен да го следи судскиот процес. Според вештакот, Трајковски не е психотичен, иако имал „паранормални искуства“.

​Ова се дозна откако Трајковски му кажал на вештакот дека во минатиот живот бил желка, дека сега е реинкарниран во човек и затоа не јаде месо.

​Наодите на вештакот се спротивни на оние на психијатарот од одбраната, кој го оцени Трајковски како психотичен со шизофрени карактеристики, што го прави неспособен да ја следи судската постапка.

​Судијата Илија Трпков најави дека ќе ги соочи двајцата вештаци пред да донесе одлука. Во меѓувреме, четворица обвинети од групата на Трајковски признаа вина, а седуммина се спогодија со Обвинителството и добија затворски казни. Трајковски е во притвор од јануари, кога беше уапсен при обид за бегство.