Три лица се повредени, од кои две потешко, во сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу 23 часот на регионалниот пат Штип–Велес.
Според информациите од СВР Велес, во несреќата учествувале три возила – „Тојота“ управувана од 66-годишниот Б.И. од Велес, „Лада“ управувана од 31-годишниот Л.Б. од Башино Село и „БМВ“ управувано од 31-годишниот Д.М. од Велес, кое влечело возило „пинцгауер“, сопственост на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Во судирот тешки телесни повреди здобиле возачот на „Тојота“-та и неговата 64-годишна сопатничка К.И., додека возачот на „БМВ“-то Д.М. се здобил со телесни повреди. Сите повредени се пренесени во Општата болница во Велес, каде што им била укажана медицинска помош.
На местото на несреќата извршен бил увид од екипа на СВР Велес. Се работи на утврдување на причините за несреќата.