Утринава, во 04:56 часот, во ОВР Кавадарци било пријавено дека пред казино на улица „Никола Минчев“ е извршен физички напад врз едно лице.
Полицијата веднаш излегла на местото на настанот и го пронашла П.Т. (43) од Кавадарци. И покрај укажаната лекарска помош, екипа на Итната медицинска помош во 05:15 часот констатирала смрт.
Набргу потоа, полициските службеници привеле три лица поради сомнеж дека се инволвирани во инцидентот: Д.Б. (26), М.Ѓ. (35) и Д.С. (27), сите од Кавадарци.
Јавен обвинител и полиција вршат увид на местото, а се прегледуваат и надзорните камери од казиното. По целосно расчистување на случајот, против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава.