Тухел бесен и покрај победата над Велс: Навивачите на Англија беа во тишина, не добивме никаква енергија од трибините!

Селекторот на англиската фудбалска репрезентација, Томас Тухел, ја шокираше јавноста со остра критика кон англиските навивачи веднаш по убедливата победа од 3:0 над Велс на вчерашниот контролен натпревар, обвинувајќи ги за недоволна поддршка и „гробова тишина“ на „Вембли“.

​Тухел истакна дека неговиот тим одиграл фантастично прво полувреме и постигнал три брзи гола, но дека изостанала енергијата од трибините.

​„Имавме ден и половина да се подготвиме за натпреварот против добро организиран тим и се покажавме многу добро. Можевме да водиме со 5:0 на полувреме. Но, ги промашивме четвртиот и петтиот гол“, изјави Тухел за перформансот на тимот.

​Сепак, германскиот стручњак не го криеше разочарувањето од атмосферата на стадионот:

​„На стадионот владееше тишина. Не добивме никаква енергија од трибините. Направивме сѐ што можевме за да победиме, а не добивме ништо за возврат. Ако сè што можете да чуете половина час се навивачите на Велс, тоа е тажно бидејќи тимот денес заслужуваше повеќе од тие кои беа на трибините на ‘Вембли’“, заклучи селекторот на Англија во интервју по мечот.