​Уапсени тројца грчки државјани за тешка кражба на Граничниот премин Богородица

СВР Струмица и ОВР Гевгелија поднесоа кривична пријава против тројца грчки државјани: В.Б. (43), К.Б. (35) и П.Б. (44), поради сомнение за извршена „тешка кражба“.

​На 12 септември, во период од 10:40 до 11:15 часот, тие од продажен објект во хотел на Граничниот премин Богородица одзеле повеќе парфеми. Полицијата брзо реагирала и утврдила дека лицата го напуштиле местото со возило „тојота“.

​Возилото било запрено во 21:30 часот на истиот граничен премин, при што биле пронајдени и одземените предмети. Тројцата осомничени се приведени и задржани во Полициската станица Гевгелија, а во текот на денот ќе бидат изведени пред судија во Основниот суд Гевгелија.