Полицијата го лиши од слобода П.Д. (26) од Крива Паланка, откако го фати како безобѕирно управува со возило.
Инцидентот се случил на 8 септември, во 20:35 часот, на магистралниот пат Гостивар-Кичево. Полициски службеници забележале дека П.Д., возејќи „ауди“ со скопски регистарски таблички, непрописно престигнувал колона возила на непрегледна кривина.
По апсењето, тој бил задржан во полициска станица, а по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава за кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило“ од член 297-а од Кривичниот законик.