Уапсен осомничен за убиството на Андриј Парубиј

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека е уапсен осомничен за убиството на поранешниот претседател на Парламентот, Андриј Парубиј. Убиството се случи во саботата во градот Лвов.

​Зеленски преку социјалните мрежи им се заблагодари на истражните органи за „брзата и координирана работа“, додавајќи дека истрагата е во тек.

​Андриј Парубиј (54) беше истакнат лидер на проевропските движења во Украина. Тој одигра клучна улога во „Портокаловата револуција“ во 2004 година, а подоцна беше „командир“ на групите за самоодбрана за време на протестите на Мајдан во 2014 година, кои доведоа до заминување на тогашниот проруски претседател Виктор Јанукович.

​Шефот на украинската воена разузнавачка служба, Кирил Буданов, претходно ја обвини Русија за убиството, поврзувајќи го чинот со војната која трае од февруари 2022 година.