Уапсен четворица напаѓачи од Скопје и Неготино

Синоќа во Битола, во полициска станица е пријавен физички напад врз лицето Љ.А. од демирхисарско. Според пријавата, тој бил физички нападнат од четири лица кои не ги познава.

​Полициските службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Битола веднаш реагирале. Како резултат на брзата интервенција, четирите лица осомничени за нападот се пронајдени и уапсени.

​Утврдено е дека напаѓачите се со место на живеење од Скопје и Неготино.

​Тие се задржани во полициска станица, а против нив, по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава за стореното кривично дело.