Во воведните натпревари од второто коло во Лигата на шампионите, Реал Мадрид убедливо славеше на гостувањето во Алмати, додека Аталанта забележа победа со пресврт против Бриж.
Во дуелот одржан на 6.000 километри оддалеченост, Килијан Мбапе беше незапирлив, постигнувајќи хет-трик против Каират. Со овие три гола, Мбапе дојде до бројката од пет погодоци во првите два натпревари од сезоната. Убедливата победа на Реал ја комплетираа Камавинга и Бахим Дијаз со по еден гол во последните 10 минути од натпреварот.
Во Бергамо, Аталанта одигра неизвесен дуел против Бриж и успеа да победи со пресврт, со што му се одмазди на Бриж за елиминацијата во осминафиналето минатата сезона.
Бриж поведе во 38. минута со голот на Циолис. Пресвртот за Аталанта го режираа:
- Самарџиќ од пенал во 74. минута.
- Пашалиќ во 87. минута.