Убиен македонец во судир на нарко-картели во Јужна Америка

Според медиумските извештаи, телата на двајца Срби и еден Македонец се пронајдени во црни пластични кеси во Јужна Америка. Неофицијалните информации од истрагата сугерираат дека жртвите биле брутално мачени, а потоа ликвидирани во Боливија.

​Српскиот весник „Новости“ пренесува дека меѓу убиените се и Миљан Ѓ., познат како Хитри од Ниш, кој бил водач на меѓународна организирана криминална група за дистрибуција на кокаин. Втората жртва е Дејанчо Лазаревски, државјанин на Северна Македонија од Струмица. Третото убиено лице е исто така од Ниш, а патувало со лажни документи.

​Според „Новости“, до судирот дошло поради конфликт меѓу криминални групи за превласт во трговијата со наркотици. Иако првично се појавија информации дека се убиени тројца Срби, подоцна било утврдено дека се работи за двајца Срби и еден Македонец.