Осомничениот за убиството на американскиот конзервативен активист Чарли Кирк би можел да се соочи со најстрогата казна – егзекуција. Ова го изјави државната обвинителка Пам Бонди во интервју за „Фокс њуз“, додавајќи дека во Јута сè уште постои можност за стрелачки вод.
„Прерано е да се каже од правна гледна точка, но како што нагласи гувернерот, тие ќе бараат смртна казна, што е многу реално во Јута“, рече Бонди.
Таа најави дека формалните обвиненија ќе бидат поднесени денеска или подоцна оваа недела. Претходно, гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, ја потврди намерата на државата да бара смртна казна и додаде дека истражителите веруваат дека убиецот дејствувал сам.