УЕФА воведе значајна новина за финалето на Лигата на шампионите, кое од оваа сезона ќе започнува во 18:00 часот наместо досегашните 21:00 часот.
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, објасни дека оваа промена е направена првенствено во интерес на навивачите.
„Со оваа промена, го ставаме навивачкото искуство во центарот на нашите планови. Пораното започнување на финалето во сабота значи порано завршување на натпреварот, без оглед на евентуалните продолженија, пенали. А ова им дава поголема можност на навивачите да уживаат со остатокот од вечерта со своето семејство, пријатели, гледајќи го најважниот натпревар во сезоната“, изјави Чеферин.
Првото финале во новиот термин ќе се одигра на стадионот „Пушкаш Арена“ во Будимпешта.