Украдени 30.000 евра во Неготино, откриени пари, дрога и екстази во домовите на осомничените

Две лица од Неготино, Ц.Н. (36) и Д.Н. (50), се уапсени под сомнение дека извршиле тешка кражба од дом на брачен пар, при што одзеле околу 30.000 евра. Апсењето се случило вчера во 22:10 часот од страна на полициски службеници од ОВР Неготино.

Според информациите од МВР, веднаш по лишувањето од слобода, бил извршен претрес со судска наредба во домот на осомничените, каде биле пронајдени и одземени 2.320 евра, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражбата.

Полицијата продолжила со истрагата и денеска (08.08.2025) извршила нов претрес, овојпат во домот на мајката и братот на Ц.Н., 62-годишната З.Т. и 34-годишниот Т.Т. Во нивниот дом, во просторија каде живеела мајката на Ц.Н., биле пронајдени и одземени 2.485 евра, како и тревкаста материја, таблети екстази и бела прашкаста материја, за кои постои сомневање дека се недозволени супстанции.

Случајот е пријавен кај надлежен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот, ќе следуваат соодветни кривични пријави. Истражните органи работат на утврдување на целосната мрежа на инволвираност, како и на потеклото на наркотиците пронајдени при претресот.