Во „Макстил“ во Скопје денеска беше уништена голема количина на дрога и оружје во присуство на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и претставници од надлежните институции.
Уништувањето е реализирано преку горење во електропечка, а се работи за:
- Над четири тони марихуана
- 18.000 стебла марихуана
- Над 79 килограми цвет од марихуана
- Над 21 килограм други видови дрога, вклучувајќи амфетамини, хероин и кокаин.
Дополнително, уништени се и стотици парчиња оружје и над 1.000 парчиња чаури и други компоненти.
Министерот Тошковски истакна дека ова е јасна порака дека „дрогата и нелегалното оружје немаат иднина во Македонија“. Тој додаде дека со секој уништен грам дрога или парче оружје, безбедноста на граѓаните се зголемува.
Тошковски нагласи дека полицијата решително ја спречува нелегалната трговија со дрога и оружје, а запленетите количини ефикасно и безбедно ќе бидат уништувани.