Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, следната среда ќе пристигне во официјална посета на Скопје. Иако официјалната агенда сѐ уште не е соопштена, познато е дека шефицата на ЕК ќе се сретне со целиот државен врв.
Посетата доаѓа во период кога македонската Влада најави дека по завршувањето на изборите и почетокот на новата година, ќе се интензивира дијалогот со официјална Софија.
Пред Фон дер Лајен, денеска во посета на Македонија беше австриската министерка за Европа, Клаудија Плакхолм, која најави значајна иницијатива. Плакхолм соопшти дека Австрија и Словенија, заедно со Германија и Италија, иницираат до Европската комисија промена на процесот на одлучување за пристапувањето на земјите кандидатки.
Предлогот е да се користи квалификувано мнозинство за техничките меѓучекори во преговорите, додека едногласноста да се задржи само за почетокот и за крајот на преговорите.