УС Опен го казни Медведев со 150.000 долари за неспортско однесување

Рускиот тенисер Данил Медведев е казнет со вкупно 150.000 долари од организаторите на УС Опен, по неговото неспортско однесување на вчерашниот натпревар против Бенжамин Бонзи.

​Медведев, кој беше елиминиран во првото коло, беше казнет со 100.000 долари за „неспортско однесување и насилство со рекетот“. За време на мечот, тој беше забележан како прави навредливи гестови кон противникот, го крши рекетот и предизвикува хаос на теренот.

​Дополнителна казна од 50.000 долари му е изречена за навреди кон судијата на мечот, Грег Аленсворт.