Утре ждрепка за осминафиналето во Купот на Македонија

Утре во 13 часот, во просториите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), ќе се одржи ждрепката за осминафиналето од Купот на Македонија.

​Натпреварите во оваа фаза ќе се играат по еден натпревар, почнувајќи од 24 септември, а мора да бидат завршени до крајот на октомври.

​Во осминафиналето ќе се приклучат и минатогодишниот победник Вардар и финалистот Струга ТЛ.

​Во ждрепката ќе учествуваат следните 16 екипи:

  • ​Вардар
  • ​Струга ТЛ
  • ​Шкендија
  • ​Шкупи
  • ​Тиквеш
  • ​Башкими
  • ​Пелистер
  • ​Новаци
  • ​Шкендија Арачиново
  • ​Детонит Плачковица
  • ​Беласица
  • ​Охрид
  • ​Силекс
  • ​Македонија Ѓ.П.
  • ​Работнички
  • ​Брегалница