Утре и во среда посебен сообраќаен режим поради посетата на претседателот на Словачка и претседателката на ЕК

Секторот за внатрешни работи Скопје (СВР Скопје) најави воведување посебен сообраќаен режим во централното подрачје на градот поради две официјални посети на високи странски делегации.

​Посебниот режим ќе важи утре (вторник, 14.10.2025) и в среда (15.10.2025).

​Посебен режим на сообраќајот ќе биде спроведен по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје поради:

  • ​Вторник и среда (14/15.10.2025): Официјална посета на претседателот на Република Словачка, Н.Е. Петер Пелегрини.
  • ​Среда (15.10.2025): Официјална посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

​СВР Скопје, преку Единицата за безбедност на патниот сообраќај, апелира до сите граѓани, учесници во сообраќајот, задолжително да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.