Според утринските податоци (07:00 часот) од Центарот за управување со кризи, во државата се регистрирани вкупно 23 пожари, од кои:
4 се активни
2 се ставени под контрола
17 се целосно изгаснати
Активни пожари:
1. Општина Чашка – над с. Богомила (мешана шума)
2. Општина Липково – меѓу с. Ваксинце и с. Слупчане (нискостеблеста шума)
3. Општина Студеничани – с. Дречевица (шумски пожар во планински предел)
4. Општина Македонски Брод – с. Грешница (деградирана нискостеблеста шума)
Пожари под контрола:
1. Општина Долнени – с. Стровија, зад местото викано Гајдарец – Клепало (нискостеблеста шума)
2. Општина Желино – с. Церово (мешана шума)
Изгаснати пожари:
1. Берово – Планина Готен (бор, бука, смрека, грмушки и ниска вегетација)
2. Брвеница – с. Милетино (запалени ниви)
3. Струмица – с. Доброшинци (депонија)
4. Гевгелија – с. Прдејци (ниска вегетација)
5. Куманово – Стара Циглана (ниска вегетација)
6. Крушево – Градски гробишта Игумења (ниска вегетација)
7. Долнени – с. Дебреште (депонија и ниска вегетација)
8. Струга – помеѓу с. Долна Белица и с. Велешта (ниска вегетација)
9. Студеничани – мост на Маркова Река (ниска вегетација)
10. Сарај – општа локација (сува трева и ѓубре)
11. Сарај – с. Рашче (мешана шума)
12. Сарај – с. Буковиќ (нискостеблеста вегетација)
13. Арачиново – до Обиколница (ниска вегетација)
14. Кисела Вода – с. Горно Лисиче (ниска вегетација)
15. Чучер Сандево – Качанички пат (ниска вегетација)
16. Прилеп – с. Алинци (депонија)
17. Прилеп – позади маркет „Стибера“ (ниска вегетација)
18. Студеничани – на стариот пат за с. Батинци (ниска вегетација и ѓубре)