Пишува: Пикасо
Некои луѓе стареат како вино. Други – како Латас.
Денеска повторно се изнаслушавме легенди, митови и фантазии директно од умот на човекот кој одамна престана да биде новинар и се претвори во политичка маскота на сите власти што некогаш го користеле како гласноговорник со мала меморија и уште помала срамота.
Во новото видео кое кружи низ социјалните мрежи, Миленко Латас – познат по тоа што секогаш кажува „вистина“ по нарачка – тврди дека добил понуда од Данела Арсовска да работи на „соборување“ на Мицкоски. Истовремено, како по обичај, го влече во калта и уредникот на Инфомакс, Александар Мечка, обвинувајќи го дека се „наплатил“ од градоначалничката.
Но, да се задржиме малку на сцената што ја опишува Латас: Мечка, вели, пристигнал на средба со БМВ автомобил и БМВ мотор. Што е тоа? Двојна појава? Матрикс-бугарска верзија? Или можеби некоја од оние халуцинации кои се јавуваат по премногу години служење на тајни служби и министри без крст?
Во стил кој само тој го владее – комбинација на лелекање, наратив од шпионски роман и самопромоција – Латас се обидува да создаде нова верзија на реалноста. Верзија во која повторно тој е жртва, сведок, предупредувач… и нормално, центар на светот.
Но сите добро се сеќаваме на вистинската „вистина“ за Латас. Слушната, документирана, разголена – во серијата аудио-снимки од проектот „Вистината за Македонија“. Поранешниот премиер Заев тогаш нè соочи со суровата слика на човек кој не само што се „курвал“ со чаушите од Владата на Груевски, туку и со самиот Груевски и Сашо Мијалков. Слушнавме како Латас ги одработуваше приказните по нарачка, како подготвено се продаваше на највисок понудувач и како секогаш го „бранеше“ народот – само кога тоа беше комерцијално исплатливо.
Токму затоа денешниот „напад“ на Инфомакс не нè изненадува. Латас е политички инструмент. И кога не го користат – самиот се вклучува. Само што овојпат, наместо микрофон, добил стап во раце, за да удри по друг медиум кој не му се поклонува. Прашање е: дали ова е почеток на уште еден атак врз слободоумно новинарство? Како што тоа беше случајот со А1, кога на сите очи и уши гледавме како независна медиумска куќа беше згасната со политичка и финансиска пегла?
Исто така, вреди да се запрашаме:
Зошто нема прилог од Латас за трагедијата во Кочани?
Зошто нема збор за дивоградбите во Чаир?
Зошто кога очигледно не може да се наплати за да нападне, тогаш се наплаќа за да молчи?
Молчиш кога тишината плаќа повеќе од вистината. А кај Латас, молкот одамна е скап производ – достапен само за оние кои знаат каде се внесува ПИН-от.
Мечка со мотор и кола БМВ? Само Латас може да види такви нешта. За сите други, тоа се нарекува – халуцинација од минатото, кога си бил нечија маша, а сега си останал само – сенка од некоја стара слава.