На една фан-страница на Фејсбук посветена на Република Турција, е објавен апел со кој се бара одговорност од Бојан Јовановски за неговото наводно навредливо однесување кон работниците во еден турски хотел. Во објавата, тој е наречен „криминалец“ и се тврди дека се исмејувал со работниците, кои не го разбирале неговиот јазик.
Барања до надлежните институции
Авторот на објавата апелира до Турската амбасада во Скопје и Министерството за надворешни работи на Турција да преземат мерки. Се бара да му биде изречена „црн печат и доживотна забрана за влез во Република Турција“ поради неговото „некултурно“ однесување кон турскиот народ и работниците.
Во објавата се прави споредба меѓу трудот на работниците и криминалните активности за кои Јовановски е обвинет, со цел да се потенцира неговата „некултура до бескрај“.