Филипче од Ресен: Земјоделците со СДСМ добиваа реална помош, со ВМРО-ДПМНЕ се понижени и без субвенции

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Ресен остро ја критикуваше актуелната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ за односот кон земјоделците, нагласувајќи дека тие денес се борат со неизвесност, трошоци и непрофитабилно производство.

​Според Филипче, за година и пол власт на ВМРО-ДПМНЕ, земјоделците се „понижени, измамени и оставени сами“, за разлика од периодот на СДСМ кога добивале реална помош и почит.

​Филипче посочи дека земјоделците денес се соочуваат со низа проблеми:

​Укината авансна исплата на субвенциите: „Земјоделецот остана без сигурност, без поддршка, без чувство дека трудот му е вреднуван.“

​Доцни зелената нафта и субвенциите не се исплаќаат редовно.

​Стопиран Откупно-дистрибутивниот центар во Ресен, со што се губи шансата за стабилен приход и фер цена.

​Нема огласи за распределба на државно земјоделско земјиште.

​Не е објавена мерката за субвенционирање на предадено јаболко од 2024 година, додека бербата за 2025 година е веќе во тек.

​Лидерот на СДСМ направи споредба со периодот на нивно владеење, тврдејќи дека тогаш земјоделството било двигател на економијата:

​Зелена нафта: Воведена за секој хектар, достигнувајќи до 100% покривање на трошоците за нафта.

​Авансна исплата: Воведена за земјоделците да работат сигурно и достоинствено, без да го чекаат надоместокот.

​Зголемување на субвенциите: Од 33.000 на преку 180.000 денари по хектар.

​Јаболко: Субвенциите за одржување на овошни насади се зголемиле за 20%, а субвенцијата за предадени јаболка за 50%.

​„Субвенциите не беа милостина, туку беа обврска на државата,“ заклучи Филипче, нагласувајќи дека СДСМ работел на стабилизирање на цената на јаболкото и заштита на овоштарите.