Филипче: Просечната плата паѓа трет месец по ред, Мицкоски ги лаже граѓаните дека сме шампиони

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, остро ја критикуваше актуелната власт, обвинувајќи ја за катастрофална состојба во економијата и лажни ветувања.

​Филипче нагласи дека граѓаните сфатиле оти ВМРО-ДПМНЕ дошло на власт со лажна кампања и дека ниту платите се покачиле, ниту животот им е подобрен.

​„Имаме трет месец по ред намалување на платите во државата. Ова не се случило во времето на владеење на СДСМ“, рече Филипче.

​Тој ја обвини Владата на ВМРО-ДПМНЕ дека иако има механизми, не искористила ниту еден за да го стави под контрола покачувањето на цените и да им помогне на граѓаните.

​„Граѓаните нема да веруваат во лажни изјави, затоа што тие најдобро знаат дали можат да сврзат крај со крај во текот на месецот“, заклучи претседателот на СДСМ.