Филипче се сретна со поранешни функционери на СДСМ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, објави дека остварил средба со поранешни носители на јавни и партиски функции во партијата. Според неговата објава, на средбата се разговарало за актуелните случувања, предизвиците и можностите што претстојат, особено во пресрет на кампањата за претстојните локални избори.

​Филипче истакна дека искуството, советите и поддршката од овие личности се од големо значење. Тој додаде дека СДСМ отсекогаш била и ќе остане партија која ги цени континуитетот, искуството и отворениот дијалог.