Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во изјава за медиумите остро ја критикуваше Владата, обвинувајќи ја за неспособност која се рефлектира во секоја сфера, особено во економијата.
Филипче предупреди на сериозен проблем со ликвидноста на стопанството поради доцнењето на исплатите од државата и општините:
„Имаме помеѓу 5.000 и 10.000 фирми кои што не можат да го наплатат ДДВ-то, наназад 6 до 12 месеци… Во наше време имаше поврат на ДДВ истиот ден, да не кажам, истиот час.“
Според него, ВМРО-ДПМНЕ повеќе нема изговори. Тој посочи дека паралелно со ова, граѓаните се соочуваат со „дивеење на цените по маркетите“, а Владата не презема ништо за да ја поправи состојбата.
Филипче заклучи дека сите овие проблеми се доказ дека Владата „нема капацитет да се справи со буквално ништо“ што е предизвик и товар за граѓаните.