Фон дер Лајен и Зеленски заедно ќе патуваат во Вашингтон на средба со Трамп

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска најави дека утре ќе патува во Вашингтон заедно со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Таа изјави дека самиот Зеленски ја повикал да му се придружи на состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп.

​Фон дер Лајен откри дека и неколку други европски лидери ќе ѝ се придружат, но не прецизираше за кого станува збор. Според пишувањата на „Политико“, се очекува еден од нив да биде финскиот претседател Александар Стаб, а можно е и присуство на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

​Зеленски и Фон дер Лајен ќе се сретнат денеска во Брисел, од каде потоа заедно ќе отпатуваат за Соединетите Американски Држави.