Фон дер Лејен го нарече Путин „предатор“, Медведев ги исмева Меркел и Макрон

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, денеска го нарече рускиот претседател Владимир Путин „предатор“ и апелираше Европа да инвестира во одбрана.

​За време на посетата на полско-белоруската граница со полскиот премиер Доналд Туск, таа изјави: „Тој е предатор. Од искуство знаеме дека може да се држи под контрола само со силно одвраќање. Треба да го одржиме чувството на итност бидејќи знаеме дека Путин не се променил и нема да се промени.“

​Фон дер Лејен е во посета на седум источноевропски земји за да им ја гарантира поддршката на ЕУ против Русија, и покрај предупредувањата за присуство на белоруски војници на границата.

​Дмитриј Медведев, заменик-шеф на рускиот Совет за безбедност, реагираше на случувањата, тврдејќи дека најновите извештаи за руските дејствија во украинскиот конфликт и „фактот дека американскиот претседател Доналд Трамп е жив и здрав“ се „лоши вести“ за германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон.

​Во објава на социјалната платформа Х, Медведев ги нарече Мерц и Макрон „браќа близнаци“ и иронично ги опиша како „жеден за одмазда“ и „петел“ кој „се плаши од предаторот на вратата“. Тој додаде дека Макрон го уценува Трамп со рускиот претседател Владимир Путин.