Фудбалската репрезентација на Португалија ќе биде без Франциско Консеисао за квалификацискиот натпревар против Унгарија, откако 22-годишниот фудбалер заработи мускулна повреда.
Консеисао, кој досега има 11 настапи и 2 гола за репрезентацијата, веднаш го напуштил кампот и се вратил во Торино за дополнителни прегледи и лекување во својот клуб.
Поради повредата, играчот ќе го пропушти дербито на Јувентус против Интер во сабота. Неговото отсуство ќе биде сериозен удар за тренерот Игор Тудор, кој го имаше Консеисао во стартниот состав на првите два натпревари од Серија А.
Јувентус одлично ја започна сезоната со две победи, а ова лето го откупи договорот на Консеисао од Порто, каде што играше минатата сезона како позајмен играч.