Српскиот фудбалски клуб Црвена звезда го објави новото засилување, нигерискиот стопер Френклин Тебо Учена. Тебо потпиша тригодишен договор со можност за продолжување на уште една сезона.
Иако финансиските детали не се официјално објавени, медиумите шпекулираат дека трансферот изнесува 2.700.000 евра. Учена ќе го носи дресот со број 30.
Роден во Нигерија, 25-годишниот фудбалер својата европска кариера ја започна во шведскиот клуб Хаекен, а потоа играше за норвешкиот Сарпсборг. За Сарпсборг одигра 60 натпревари и постигна пет гола.