Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, објави голема донација за македонскиот фудбал. ФФМ донира 1.400 фудбалски топки за 72 клубови од Третата македонска фудбалска лига (МФЛ), како и над 3.000 топки за 140 младински екипи.

Омерагиќ истакна дека целта на донацијата е да се обезбедат подобри услови за тренинг и натпревари за сите клубови, без разлика на рангот во кој се натпреваруваат.
ФФМ најави дека ќе продолжи со поддршката за младите категории, со нова донација што е планирана за декември.