ФФМ: Фудбалската опрема за младите категории е бесплатна, не смее да се наплаќа

​Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги информира родителите дека фудбалската опрема донирана на младинските клупски категории е целосно бесплатна и не смее да се наплаќа.

​Од ФФМ велат дека добиле информации дека одредени клубови бараат пари од родителите за опремата, што е спротивно на условите на донацијата.

​Федерацијата ги охрабрува сите родители, доколку нивниот клуб побара пари за опремата, веднаш да пријават во ФФМ.

​Целта на оваа донација е да се овозможат фер услови за развој на младите фудбалери без дополнителен финансиски товар за нивните семејства.

​На следниот линк може да се најде списокот на клубови што ја добиле донацијата: https://shorturl.at/VhpiK.

​ФФМ нагласува дека ќе ја следи ситуацијата и ќе преземе соодветни мерки за да ја заштити секоја млада генерација.