Хамас објави снимки од израелски затвореници, предупредува на смрт доколку не се прифати прекин на огнот

Военото крило на палестинското милитантно движење Хамас, Бригадите Ал-Касам, објавија фотографии од израелски затвореници кои се држат во Појасот Газа.

​Во исто време, Хамас ги предупреди израелските власти дека животите на затворениците се во опасност доколку Израел продолжи со инвазијата на Газа и го одбие предлогот за прекин на огнот.

​„Секое понатамошно одложување или отфрлање на прекинот на огнот од страна на израелската влада, под водство на премиерот Бенјамин Нетанјаху, ќе резултира со смрт на затворениците“, се вели во пораката на Хамас, пренесе иранската новинска агенција Тасним.