Хамилтон казнет со пет секунди на трката за ГН на Сингапур

Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, доби казна од пет секунди на трката за Големата награда на Сингапур во Формула 1, откако неколку пати возел надвор од патеката.

​Седумкратниот светски шампион првично заврши на седмото место, со предност од четири десетинки во однос на Фернандо Алонсо. Меѓутоа, поради казната, тој падна на осмото место, додека Фернандо Алонсо од Астон Мартин се искачи на седмата позиција.

​Казната беше изречена бидејќи во финишот на трката Хамилтон пресече неколку кривини и ја напушти патеката. Од Ферари објаснија дека причина за ова било откажувањето на сопирачките на неговиот автомобил.

​Шампионатот во Формула 1 продолжува за две недели, со Големата награда на САД на 19 октомври, која ќе се одржи во Остин, Тексас.