Хеликоптерот на Доналд Трамп принуден на итно слетување во Британија

Хеликоптерот „Marine One“ на американскиот претседател Доналд Трамп направи итно слетување во Велика Британија поради „хидрауличен дефект“, на крајот од неговата државна посета на островот.

​Трамп и првата дама биле во хеликоптерот на првата етапа од нивното враќање во САД кога пилотот морал да слета.

​Белата куќа соопшти дека хеликоптерот слетал на „локален аеродром“ како „мерка на претпазливост“ поради откриен „мал хидрауличен проблем“. Претседателот и првата дама потоа се префрлиле во придружниот хеликоптер и го продолжиле своето патување.

​Тие патувале од резиденцијата на премиерот Стармер до аеродромот Станстед во Лондон, каде што ги чекал „Ер Форс Уан“.

​Прес-секретарката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека претседателот и првата дама се безбедно префрлени.