Градот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево од Социјалдемократскиот сојуз.
Со особена чест и голема одговорност денеска ви се обраќам од името на граѓаните на Крушево – градот на храброста, историјата и надежта. Градот симбол на слободата и непокорот. Денес сме тука, не само да зборуваме за политиката, туку да зборуваме за прогресот, визија и иднината што сите заедно ја градиме под знамето на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. СДСМ отсекогаш бил гласот на народот, заедништвото, двигател на реформи и симбол на напредокот. Денес не сме тука заедно без разлика на верска или било каква друга поделеност, само за да одбележиме уште еден момент во политичкиот календар, туку сме тука за да потврдиме дека веруваме во иднина – иднина на развој, правда, еднаквост, слобода и просперитет. Иднина која ја градиме заедно, со дело и посветеност, чекор по чекор, за секоја улица, за секое населено место, за својот град, за својата општина. Тука сме да го потврдиме нашето заедничко уверување – дека Македонија може повеќе, а Крушево уште повеќе. Дека со планско работење, труд и единство – и највисоките цели се достижни, истакна Хрискоски.