Актуелниот градоначалник на Општина Крушево и кандидат од СДСМ, Томе Христоски, објави дека СДСМ освоила мнозинство во Советот на Општина Крушево со 5 советници, додека ВМРО-ДПМНЕ има 4, а ДУИ и ВЛЕН по еден советник. Тој истакна дека ова е јасна порака од граѓаните за напредок и најави уште поубедлива победа во вториот круг.
Христоски, кој оди во втор круг за градоначалничката позиција, ја соопшти распределбата на мандатите во новиот Совет:
- СДСМ: 5 советници (Мнозинство)
- ВМРО-ДПМНЕ: 4 советници
- ДУИ: 1 советник
- ВЛЕН: 1 советник
„Граѓаните јасно порачаа: Крушево оди напред! Во вториот круг одиме уште посилно и помотивирани – за нова, уште поубедлива победа, за заедништво, работа, визија и еднаквост!“, порача Христоски.
Тој ги обвини опонентите дека секојдневните притисоци преку закани, уцени, казнувања и манипулации не им помагаат. Христоски изрази увереност дека ќе ја зголеми разликата во вториот круг.
„Разликата сега е 360 гласа, а во вториот круг ќе биде над 600 во корист наша, на сите слободоумни граѓани кои се мнозинство и кои им мислат добра иднина на нашата општина Крушево, без разлика дали се од село или град!“, заклучи кандидатот на СДСМ.