Хуманитарен базар во Дебар Маало: Центар го одбележа 13 Ноември со Фестивал на симит и погача за помош на „Супорт Кочани“

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информираше дека Денот на ослободувањето на Скопје, 13 Ноември, бил одбележан во Дебар Маало со хуманитарен настан – Фестивал на симит и погача. Целта на настанот била да се соберат средства за Здружението „Супорт Кочани“.

​Ова е вторпат како општината ја воспоставува оваа традиција на хуманитарен базар во срцето на Скопје.

​Герасимовски упати голема благодарност до сите кои се вклучија во хуманитарната цел:

​Активот на жени пензионерки од Центар, кои ја подготвиле храната за базарот.

​Здружението на пензионери на Општина Центар.

​Учениците од општинските училишта.

​Сите учесници кои придонеле настанот да биде топол и незаборавен.

​Градоначалникот истакна дека настанот ги сплотил младите и повозрасните во една заедничка хуманитарна мисија.