​Хусеин Љатиф носител на советничка листа во Скопје

​Хусеин Љатиф атиф, сопственик на фризерскиот салон „Попај“, се обрати до граѓаните на Скопје, објавувајќи ја својата кандидатура како носител на листата за Совет на Град Скопје на локалните избори во 2025 година.

​Љатиф истакна дека неговата кандидатура се темели на принципите на правичност, транспарентност и вистинско претставување на волјата на народот. Неговата цел, како што вели, е да изгради поудобно, поуредно и побезбедно Скопје за сите жители, заштитувајќи ги истовремено правата на турската заедница.

​Тој вети дека ќе се залага за зачувување на културата, јазикот и вредностите на турската заедница, но и за еднаков пристап до услуги за секој граѓанин.

​Љатиф нагласи дека со поддршка од граѓаните, нема да биде само претставник, туку „глас на народот и адреса за решавање на нашите проблеми“.

​„Заедно за поправедно, заедно за посилно, заедно за поубаво Скопје – затоа сум на овој пат“, заврши Љатиф.