Царинска измама со увоз на додатоци за исхрана, Буџетот оштетен за 622.492 денари

Царинската управа поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „царинска измама“ против увозник, шпедиции и лиценцирани застапници кои го оштетиле државниот Буџет за 622.492 денари.

​Измамата се однесува на увози на додатоци за исхрана извршени во периодот од октомври 2022 до мај 2023 година. Осомничените, во договор со увозникот, стоката ја пријавувале во погрешна тарифна ознака со пониски царински давачки.

​Делото е откриено при контрола од инспектори од Одделението за контрола на трговски друштва. Случајот е предаден на Одделението за истраги, од каде е поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство и донесени се решенија за дополнителна наплата.

​Царинската управа најави дека продолжува со мерки за заштита на финансиските интереси на државата.