Царинските инспектори од Секторот за контрола и истраги открија царинска измама во вредност од седум милиони денари, поврзана со увоз на месо.
Со дополнителна контрола на документите и лабораториски анализи, утврдено е дека месото било пријавувано во погрешна тарифна ознака, со пониска царинска стапка, наместо во соодветната категорија со повисока стапка.
Против сторителите е поднесена кривична пријава за царинска измама, а издадени се и решенија за дополнителна наплата на избегнатите давачки. Царинската управа најавува дека ќе продолжи со вакви контроли за да ги заштити финансиските интереси на државата и да обезбеди фер конкуренција на пазарот.